По тоа како течат работите посебно во правниот систем, јас сум скептик, би сакал да почнат утре преговорите со ЕУ, но, знаете како стојат работите. Повторно има одредени забелешки пред се за правниот систем во Македонија. И потоа повторно ќе се разгледа дали ќе започнат преговорите, посочи Таравари во изминатиов период.

Таравари појасни дека владата оптимистички кажува дека во јуни ќе започнат, и тој е за да започнат не во јуни туку во април идната година, меѓутоа како течат работите во Македонија немаме никакви реформи во ниеден сегмент на живеењето.