Моментално вкупно во државата се лекуваат само 23 пациенти, над 20 пациенти веќе се на домашно лекување.

Ова го истакна министерот за здравство Арбен Травари на денешната прес-конференција, кој информираше за моменталната состојба на пациентите кои се на болничко лекување по пожарот во дискотеката во Кочани.

Во Клинички центар се само 4 пациенти- 2 на Пластична хирургија и 2-ца на Токсикологија. Во стара Градска болница се 6 пациенти, во болницата 8. Септември се 9, од кои за еден ќе има испис денеска, во Систина се 4 пациенти.

Сите овие се стабилни и во добра состојба.

Во странство се лекуваат 113 пациенти, вчера еден е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат 5 пациенти.