Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово.
Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални приоритети.
-Денеска, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, ја остварив мојата прва посета надвор од земјава, во Приштина, каде што се сретнавме со мојот колега Арбен Витиа. Со Арбен остваривме братски разговор за предизвиците во нашите здравствени системи и соодветните приоритети за наредниот период, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
На средбата ее договорено забрзување и продлабочување на соработката меѓу двете влади, како во здравството, така и во образованието и политиките за добро владеење и во кој било друг релевантен сектор за уште поголемо зближување меѓу двете земји.