Два апарати за ОРЛ беа донирани на одделението при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле. Поточно станува збор за два видоотоскопи кои се потребни на оваа институција во борба против белодробните заболувања кај дечињата. Донација беше обезбедена од компанијата Жито Лукс каде средствата за апаратите се одвојувале преку продажбата на леб на парчиња во рамки на кампањата „Подарено од срце“.

Ангелчо Андоновски, директорот на ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле, се заблагодари за донацијата со која што во иднина ќе имаат подобар пристап кон дијагностицирање и лекување на овој тип на заболувања кај децата.

Од компанијата донатор се истакна дека нивната компаниска општествена одговорност е насочена кон подобрување на условите за работа на здравствени установи кои ги третираат белодробните заболувања кај децата. Освен Козле, донации во вид на опрема добија и детските оддели во Општата болница – Охрид, Клиничката болница во Битола и Општата болница – Струмица.