Кина даде зелено светло за условна употреба на лекот „Паксловид“ против Ковид-19 на Фајзер

Кина даде зелено светло за условна употреба на пилулата против ковид-19 од страна на американската компанија Фајзер, лек кој се продава под името „Паксловид“, соопшти Националната медицинска агенција. Одлуката е…

Кина даде зелено светло за условна употреба на пилулата против ковид-19 од страна на американската компанија Фајзер, лек кој се продава под името „Паксловид“, соопшти Националната медицинска агенција. Одлуката е донесена во време кога Пекинг ги организира Зимските олимписки игри. Кинеските власти досега немаат одобрено ниту една странска вакцина против Ковид-19.

„Паксловид“ беше одобрен кон крајот на декември во Соединетите држави и оттогаш е во околу четириесет земји. Директорите на „Фајзер“ изјавија дека компанијата е во преговори со повеќе од сто земји за „Паксловид“ и може да испорача 120 милиони дози оваа година.

Кинеската национална администрација за лекови го одобри лекот „условно“ и, како и другите земји, само за пациенти со ризик од развој на тешка форма на ковид-19. Кина спроведува нулта толеранција за Ковид од почетокот на епидемијата и ги презема сите мерки за ограничување на појавата на нови случаи, од кои официјално има само неколку десетици дневно. На пример, само 40 нови случаи на зараза беа пријавени низ целата земја во текот на денот.

Иако овие бројки се неспоредливи со оние што секојдневно се забележуваат во другите делови на светот, тие ги принудуваат кинеските власти да ја удвојат будноста во време кога Пекинг е домаќин на Зимските олимписки игри до 20 февруари. Сите странски учесници се ограничени на област строго одвоена од остатокот од кинескиот главен град.


Related Articles