На глобално ниво терапиите против ХИВ и САРС се покажале дека имаат ефект во лекувањето на пациенти заразени од Ковид-19. Сепак, според информациите од Министерството за здравство, исто така се покажало дека овие терапии не делуваат подеднакво ефикасно кај сите пациенти.
Според информациите од МЗ обезбедена е доволна количина на лекови кои исто така се покажале дека имаат ефект, тоа е сумамедот и антималаричен хидроксихлорокин.
Од денеска сумамедот ќе се издава само на рецепта пропишан од лекар и тој е повлечен од слободната продажба. Лекот против маларија е обезбеден за најмалку 10 илјади пацинети