Во текот на оваа работна седмица нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност.
Денес како и утре (вторник) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачуваат до околу 38, 39 степени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.