Поради сето тоа, освен водењето активен стил на живот и свртување кон здрава исхрана, постојат и одредени растенија кои имаат особено добар ефект на крвните садови и самото срце, а овие три особено се истакнуваат:
Ѓумбир
Познат корен за кој сме слушнале толку многу добри работи, било да се работи за помош кај грип, настинка, па сè до проблеми со стомакот. Листата продолжува, а влијанието на ѓумбирот кој во овој случај е особено нагласен е можноста за забрзување на циркулацијата. Клуч на се, е во тоа што состојките на ѓумбирот активно го раствораат фибринот, протеин кој учествува во згрутчување на крвта и предизвикува нарушувања на протокот на крв. Бидејќи е познато дека токму згрутчувањето на крвта кое го намалува протокот во крвните садови доведува до инфаркт, ѓумбирот се наметнува како задолжителна намирница за лицата кои имале мозочен удар или срцев удар, како и оние кои страдаат од проширени вени, тромболебитис и атеросклероза.
Глог
Лист, цвет и плод од глог содржат супстанци кои делуваат како антиоксиданти, а за оваа тематика особено е интересно тоа дека глогот не дозволува холестеролот да се акумулира и го стимулира неговото растворање во жолчната киселина. Подолгата употреба на глог докажано ја подобрува еластичноста на крвните садови, па така го стимулира протокот на крв низ срцето и целото тело. Толку е добар, што глогот се препорачува како дополнителна терапија за лекување на проблеми со срцето, хемороиди и проширени вени.
Лута пиперка
И покрај фактот дека некои многу ја сакаат и уживаат во „огненото“ чувство кога ја јадат, а другиот дел од луѓето воопшто не ја поднесуваат, едно е исто за сите – плодовите на ова растение спречуваат згрутчување на крвта, потикнуваат активност на тромбоцитите и го регулираат холестеролот. Препаратите за надворешна употреба на база на капсацин – моќен аналгетик кој потекнува токму од пиперките, се едни од најдобрите производи кои служат како помошни терапии за најразлични болести како ревматоиден артритис. Поради сето ова, лутата пиперка спаѓа во еден од најдобрите природни лекови за чување на здравјето на срцето и крвните садови.
Извор: denar.mk