Со почетокот на школската година и одлуката сите ученици да посетуваат настава со физичко присуство, во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром, една ученка од петто одделение вчера добила позитивен тест на Ковид-19.
Во 14 дневна изолација ќе оди целиот клас и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици. Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така да таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.
Во скопската општина Кисела Вода во основното училиште Кирил Пејчиновиќ две деца од 9-то одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид 19, потврди директорот на училиштето. Едното од нив веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете се уште се чекаат резултати од тестирањата.