Демократската Унија за Интеграција, веднаш по претседателските избори ќе го преземе кормилото на Министерството за труд и социјална политика, брифираат високи партиски извори од ДУИ.
Овој потег на ДУИ, доаѓа како резултат на несогласувањата со СДСМ во врска со законот за Заштита на детето, односно обидот на актуелната министерка за труд и социјала, Мила Царовска, да ја отстрани мерката додаток за ТРЕТО ДЕТЕ, и нејзиниот обид за реформи во системот за пензионирање преку таканаречената СОЦИЈАЛНА ПЕНЗИЈА, каде секој граѓанин кој има само еден работен ден може да се пензионира, пренесува порталот.
Претходно, јавноста беше сведок за препирките меѓу Царовска и ДУИ за обвинувањата на министерката дека функционери од ДУИ злоупотребувале пари во ПИОМ. Бујар Османи најави кривични пријави , по што Царовска се повлече и кажа дека всушност станувало збор за системска грешка.
Целиот систем едноставно некој заборавил дека треба да се следи. И дека треба одговорно со финансиските средства што работодавачот ваш денеска ви ги уплаќа за придонеси одреден процент останува во првиот пензиски столб, но одреден процент заминува за вториот, за да вие можете да земете комплетна пензија. И тоа е суштински проблем, појасни Царовска.
А, кога јас посочив персонална одговорност, при тоа што се укажа дека не е технички проблем, ова е системски проблем, проблем кој што значи дека едноставно неодговорно се пристапило кон креирањето на политиките, следењето на политиките во државата кои што се однесуваат на пензискиот систем.
Јавното обвинителство ќе утврди дали има работа околу овој случај. Моја одговорност согласно Кривичниот Законик е она кое што го имам како индиција да го доставам, а оние кои што се одговорни да прибават докази, да ја следат состојбата, да ја испрашуваат и да ги анализираат процесите каде и за чија цел отишле тие финансиски средства, дали некој ги земал, или не ги земал, значи тоа не е надлежност на МТСП, нагласи Царовска.