Што се гради во Визбегово? Центар за прием на мигранти или центар за бездомници, како што тврди министерката за труд и социјална политика Мила Царовска?
Наспроти тврдењето на владини претставници кои зборуваат за бездомни македонкси граѓани, во документ до кој дојде Алфа се вели дека Владата најавува изградба на центар за миграни – странц, а не за домашни социјално ранливи категории на граѓани.
Според одлуката за изградбаза центарот за странци, која е помината на 45 седница на Владата, под точка 151 на 17.12.2017, а објавена во службен весник бр. 190 страна 74 и страна 75 од 25.12.2017 година, со која, префрлени се недвижни ствари во сопственост на МВР за да може преку ИПА да се дадат пари од Брисел за изградба на објекти. Во одлуката се посочени вкупно 22 згради кои треба да се пренаменат – реновираат, или вкупно 4.827 квадрати станбена површина или 120 станови со површина од 40 квадратни метри.
Владата не отстапува од тврдењето дека нашата земја може да одигра само транзитна улога за бегалците од Азија и Африка кои во принцип, чаре си бараат во западна Европа, но факт е дека повеќе европски претставници упорно ја ставаат токму Македонија на листата на оние кои би примиле мигранти на своја територија, а како што и претходно објави Алфа, постои голема веројатност веќе да се одбрани и локации на кои би биле иградени нови прифатни центри.
За Македонија во игра се неколку сценарија. Од тоа во земјава да има само неколку десетици мигранти кои ќе продолжат кон ЕУ се до илјадници луѓе од Сирија, Пакистан и други конфликтни зони.
Доколку би бил изграден центар за мигранти, истиот би можел да биде користен за прифат на луѓе кои што преку Грција и Турција во иднина ќе тргнат кон Европа, а нема да можат да заминат кон Србија, Косово или Албанија, односно ќе бидат „заглавени“ кај нас.
Дополнително, иако премиерот Зоран Заев изјави дека засега нема такво барање по урнекот на Грција, Македонија можеби ќе треба прими неколку илјади повратници од Германија и други европски земји кои што првично биле регистрирани во Македонија, најчесто луѓе кои успеале да ја минат Грција илегално, по што биле регистрирани во земјава.
Според последните неофицијални информaции на Алфа, oсвен Чешка и Унгарија понудата за билатерален договор со Германија за репатријација на мигратни ја одбиле уште десетина европски земји. Меѓу нив се Италија, Австрија, сите членки на Вишегардската група (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија) Словенија, Хрватска, Романија и Бугарија. Сите тие одбиле да потпишат билатерален договор со Меркел за враќање на мигрантите.
Според неофицијалните најави од Берлин во рок од 7 дена треба да почне враќањето на 2000 мигранти неделно во Грција која веќе постигнала договор со Германија.