Намалувања на платите на министрите кои беа надлежни да го спроведат владиниот план за чист воздух, забрана за возење службени автомобили се дел од барањата на адвокатското друштво Апостолоски кое ќе ја тужи државата против загадувањето на воздухот.
Ако правдата не ја добијат пред домашните судови, подготвени се да затропаат на вратата на судот во Стразбург.
Податоци на веб страницата на МОЈ ВОЗДУХ и денеска покажуваат зголемено ниво на ПМ10 честитски во воздухот.
Во писмото адресирано до државниот врв и владата , активистите предлагаат неколку мерки: да се едуцираат граѓаните за штетноста од палење на депонии, армијата и полицијата ноќе да дежураат на терен за да се спречи палење на ѓубре.
Граѓаните кои зборуваа пред камерата на Телма како главен виновник за аерозагадувањето го гледаат палењето на депониите, греењето во домовите и автомобилите.
Според извештајот на Европската агенција за животна средина како последица од дишење на загаден воздух во Европа годишно умираат 400.000 луѓе, а во Македонија 3000.
И по овој податок сме на врвот на светските листи, имајќи го предвид фактот дека во Германија која има 80 милиони жители , годишно умираат 62.000 луѓе поради аерозагадувањето.