Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на
слаб снег, а до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а минималната од -5 до 2 степена.

Според прогнозата на УХМР, во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб дожд, на планините понекаде ќе провејува снег. Утринските температури до крајот на работната недела ќе бидат во опаѓање.