Јаболки: Тие помагаат при намалување на нивото на лошиот холестерол и се богати со кверцетин, антиоксиданс кој овозможуваа подобар доток на кислород во белите дробови. Исто така, тие се и одличен извор на витамин Ц, кој помага за зајакнување на имунитетот и во борбата со настинките. Јаболка со средна големина содржи околу 14 проценти од препорачаните дневни дози за витамин Ц и околу 100 калории, а нашето тело троши околу 120 калории за да ја свари. Освен тоа, ова овошје е одлично и за појадок бидејќи го придвижува целиот метаболизам.

Карфиол: Слично како и јаболките, карфиолот изобилува со витамин Ц. Се смета дека една порција содржи околу 77 проценти од препорачаната дневна доза. Карфиолот е богат со антиоксиданси кои ги отстрануваат брчките, но и фитонутритиенти кои го намалуваат ризикот за добивање на рак на белите дробови. Токму поради оваа карактеристика карфиолот им се препорачува на пушачите.

Калинки: Ова овошје поради фактот дека изобилува со витамин Ц, фолна киселина и витамините А и Е, како и калиум, уште се нарекува и суперовошје. Во сокот од калинка има три важни полифеноли кои се моќни антиоксиданси поради кои тој е помоќен и од брусницата, зелениот чај и црното вино. Калинката има и антибактериски својства, штити од појава на дијабетес и рак, и помага во борбата со депресијата. Освен тоа, таа помага и за побрзо топење на мастите и ги ублажува симптомите на остеоартритис.

Тиква: Ова е одлична намирница за сите кои ги мачи алергија. Тиквата изобилува со витамин Ц кој го намалува нивото на хистаминот, и цинк, како и витамин А, кои го зајакнуваат имунитетот. Исто така, таа го блокира настанувањето на слободните радикали и со тоа ги штити ДНК ќелиите од предвремено стареење и мутации, а особено им се препорачува на луѓето кои имаат болести на желудникот и цревата.

Кељ: Овој зеленчук изобилува со витамини А, Ц и Е, како и магнезиум и каротеноиди кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во изградбата на црвста коса. Кељот ги чисти токсините од организмот, што е неопходно за добро здравје. Исто така, тој помага при кивавица и кашлица кај луѓето кои патат од поленски алергии.

Мандарини: Тие содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалите и изобилуваат со фолна киселина и бета каротен кои се неопходни за добро варење. Мандарините се одличен извор на пектини кои спречуваат апсорбција на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со самото тоа го спречуваат и ризикот за појава на дебелина. Пектинот е воедно задолжен и за регулација на шеќерот во крвта, што значи дека мандарините делуваат поволно на гладта и не предизвикуваат постојано чувство на глад.