Нови 127 случаи на коронавирус потврди вчера Институтот за јавно здравје. Извршени се 702 тестирања, а случаи на новозаболени се регистрирани во 9 градови од кои најголем дел во Скопје.
Од вкупниот број на тестирани, 28 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките во Кочани без регистрирани позитивни случаи.
Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 68 лица од женски и 59 од машки пол.
По добиени два негативни теста како оздравени се водат 7 лица, а според вчерашните податоци регистрирани се три смртни случаи, од Скопје и Куманово.
Во Македонија вкупниот број на лица заболени од коронавирус е 3.152 случаи.
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Штип и Велес.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.534 машки и 1.618 женски лица.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 638 (20,2%), а кај возрасната група од 50-59 години се потврдени 612 заболени. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 170 односно 172 случаи.
Регистрирани се 156 смртни случаи (Лт = 4,9%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=102) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 26,6/100.000 жители. Регистрирани се 106 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена.
Во Македонија вкупниот број на извршени тестирања изнесува 37.027.
Според исходот од заболувањето, 1.343 лица (42,6%) се активни случаи, 1.653 случаи (54,4%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Регистрирани се вкупно 326 заболени здравствени работници во текот на епидемијата, од кои 248 се оздравени.