Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави дека денеска на владина седница ќе биде укинувањето на економските директори во јавните здравствени установи.
Тој вели дека после долги години злоупотреби и партиски манипулации, Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата “економски директори” во јавните здравствени установи.
„Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.