По подолг изминат рок по аферата со вакцините МРП дали се со истечен или рок, вчера од неофицијални податоци дознаваме дека МВР побарало од самото министерство за здравство документација за истрагата што ја отвори Обвинителството околу вакцините на кои имаше декларации со истечен рок. Се уште јавноста не е запознаена за кои документи била заинтересирана МВР и дали навистина дали имало пропусти во текот на постапката за снабдување на вакцините против мали сипаници, морбили.

Додека пак од Обвинителството тврдат дека до нив се уште нема пристигнато извештај од МВР за вакцините. Но во зависност од извештајот се очекува да се изречат казни за лекарите на здравствените установи кои на децата им ставале од овие вакцини.

Освен за ова јавноста се уште не знае ниту дали вакцините со погрешно залепени декларации ќе бидат уништени, бидејќи во меѓувреме имаше најава од Агенцијата за лекови најави дека тоа се планира за четврток во скопската депонија Дрисла, но од Обвинителството пред неколку дена соопштија дека вакцините ќе останат во просториите на „Македонијалек“ до завршување на истрагата.

Многу прашања на кои сакаат одговор јавноста, но наместо одговор за контроверзните вакцини добиваат само уште повеќе прашања и дилеми на кои надлежните немаат намера да дадат одговор.