Филипче најави дека попладне ќе предложи до Управувачкиот комитет целосно да с е затворат моловите и другите помали трговски центри бидејќи преставуваат голем ризик за ширење на вирусот.Пекарите да работат од шалтерите, препорака е да не се влегува внатре во просториите
Во моментот во државата реегистрирани се вкупно 12 заболени од коронавирус. На Инфективанат клиника се наоѓаат 8 пациенти, (без правата која не е веќе инфективна), а во овој момент се очекува да бидат донесени четворицата новозаболени од Дебар, меѓу кои има 15 годишно момче, информира министерот Венко Филипче. Влошена е сотојбата на пациентката од Дебар, тоа се сопружниците кои се вратија од Италија и таа поставена на механичка вентилација.
„Во моментот с е тестираат 7 лица, 6 се од Дебар материјалите се земени вчера од епидемиолозите, од нив 4 имале директен контакт со втората група заболени, брисеви с е земени и од епидемилогот и од техничарот за да бидеме сигурни дека не се инфективни. И уште едно лице се тестира, како и двајца кои с е јавиле сега во моментот. Тие имаат покачена температура и патувале во Шпанија. И на нив ќе се земе брис, резулатите ќе бидат готови попладне.“, рече Филипче.
Тој потенцира дека во Дебар е ораганизирано се, епидемиолизи но и лекарите од дебарската бања ќе бидат постојано на повик, а ќе работат во една или две смени. Има посебен оддел изолиран во кој се влегува однадвор каде што ќе се прегледуваат сомнителните пациенти и ќе се праќаат брисевите во Скопје. Сите други лекари с е во целосна подготвеност. Итните случаи ќе бидат препраќани во Скопје или во Струга но со претходна најава.
Филипче појасни дека во првата група од 21 лице коис е во изолација се луѓе од Дебар кои контактирале со сопружниците ( од кои жената сега е во тешка состојба), 24 луѓе се во изолација и тие контактирале се втората група заболени, односно тројцата кои се заразија од сопружиците кои се вратија од Италија .
Тој рече дека во Дебар ситуацијата е мирна, граѓаните разабираат за што станува збор. Засилена екипа на лекарски тим е регрутирана, се пријавиле и лекари доброволци од Скопје. Контактирано е со директорката на Агенција за лекови и се организира снабдувањето со лекови.
„Здравен дом ги запре сите специјализации и Итната медицинска помош е мобилизирана. Очекувано е во овие моменти дека тие и службите за домашна посета ќе излезат на терен каде што ќе има потреба“, рече Филипче.
Тој најави дека попладне ќе предложи до Управувачкиот комитет целосно да с е затворат моловите и другите помали трговски центри бидејќи преставуваат голем ризик за ширење на вирусот.Пекарите да работат од шалтерите, препорака е да не се влегува внатре во просториите.
Повтори дека сите што се во затекнати во странство да ги почитуваат мерките таму, а кога ќе дојадат тука мора да ги почитуваат нашите мерки, односно 14 дневна изолација.