Зоран Заев е во брак со рекетот и криминалот. Со криминал и поддршка од криминалци Заев доаѓа на власт и станува најбогат политичар, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Сега Заев ги враќа долговите кон мафијата. Го стимулира и заштитува обвинителско-медиумскиот рекет, а паралелно ги распродава националните интереси. Зоран Заев е прва виолина во случајот „Рекет“. СДСМ очајнички се обидува да ја дефокусира јавноста од инволвираноста на Зоран Заев во случајот „Рекет“. заглавени се до гуша во криминал. Три години рекетрираа политичари, бизнисмени. Ќе одговараат сите инволвирани во криминални активности. ќе понесат и политичка и кривична одговорност за криминалот и корупцијата, за сите штети кои и ги нанесоа на македонската држава изминатите години. Се уште нема одговор од криминално рекетарската банда на власт на чело со единствениот аболициран политичар во Европа, зошто Заев на 3 април го предупредил Боки 13 дека против него се води постапка. Се поставува прашањето зошто Заев молчел од 3 април до 22 април кога наводно го пријавил случајот кај омилената обвинителка, Вилма Русковска. Да не заборавиме дека никаде не постои записник од пријавата на Заев, нешто што е определено со закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Заев и натаму се заплеткува во своите лаги, а македонската јавност конечно го гледа неговото вистински лице, лицето на човекот кој го пцуе и навредува сопствениот народ, човек кој се заканува и човек кој под целосна контрола го има ставен правосудниот систем во Македонија.
-Уште еднаш јавно бараме, МВР и ЈО да ги вештачат веднаш мобилните телефони на инволвираните. Веднаш да се отвори случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. На крајот доколку правосудните органи си ја завршат работата, целата македонска јавност ќе разбере дека Заев е нарачателот на рекетот и главата на криминалниот октопод, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.