Неспособноста на оваа влада излезе на виделина со справување со пандемијата на корона вирусот за последниве седум дена во Република Македонија каде што билансот на заразени е најголем, а најмалку направени тестови и за жал најмногу починати во регионот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ на својата фејсбук страна.
Процент на новозаболени во однос на тестирани случаи во последните 7 дена: Македонија – 4,73%, Бугарија – 2,52%, Србија – 1,62%, Хрватска – 0,21%, Грција – 0,14%, Црна Гора – 0%.
Најголем процент на заразени. Повеќе од Србија, Бугарија, Грција и Хрватска вкупно.
Според извештаите на заразени на 1 милион жители во регионот за последните 7 дена: Македонија – 91, Бугарија – 31, Србија -85, Хрватска – 4, Грција- 4, Црна Гора – 0, Албанија – 33
Македонија има и најмногу заболени лица од корона вирус во регионот. Повеќе заболени на 1 милион жители од Грција, Бугарија, Албанија и Хрватска заедно.
Во Македонија има најмногу починати лица на 1 милион жители во последните 7 дена споредбено со земјите на Балканот:
Македонија – 8, Бугарија – 2, Србија – 2, Хрватска – 1, Грција – 1, Црна Гора – 0, Албанија – 1.
Најмногу починати лица. Повеќе починати на 1 милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно.
Катастрофалната состојба со справување на корона вирусот во Македонија продолжува. Сето ова оди на нечистата совест на Зоран Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.