Ако сакате да ослабете, посегнете за чаша минерална вода. Според новата студија објавена во магазинот Obesity, природната минерална вода е идеален пијалок во борбата против вишокот килограми.

Истражувањето опфатило 300 луѓе кои држат диета и кои дотогаш пиеле газирана вода секој ден, а во просек имале околу 90 килограми (индивидуално). Оваа група на почетокот на истражувањето била поделена во две групи.

На едната група и е одредено да продолжат да пијат газирана вода, додека на друга тоа право и е одземено. На крајот на истражувањето (по 12 недели), групата која се откажала од минералната вода изгубила 4 килограми, додека првата група која продолжила да пие успеала да изгуби два повеќе, односно шест! Се поставува прашањето дали минералната вода е чудотворен пијалок кој ги намалува килограмите?

Според нутриционистите, групата која продолжила да пие газирана вода имала континуитет затоа што дотогаш пиела и полесно можела да ја апсорбира храната, додека другата во организмот доживеала “шок” (со оглед дека морала да ја прекине својата дневна рутина) што резултирало во стрес, кој влијаел на нивото на хормоните и шеќерот во крвта, па со самото тоа се забавило слабеењето.

Без оглед на резултатите од ова истражување, сè уште никој не може со сигурност да тврди дека природната минерална вода е моќен пијалок во борбата со килограмите.