Во Бријанија почина уште едно дете од стрептокока. За неколку недели се регистрирани осум смртни случаи поради оваа инфекција. Станува збор за ученик во основно училиште во Ватерлувил, Хемпшир, пренесуваат британските медиуми.
Инвазивна форма на стрептокок А инфекцијата се шири низ Велика Британија во последните месеци, а владата ги предупредува родителите да внимаваат на симптомите. Пиогениот стрептокок предизвикува воспаление на грлото, кое често е придружено со гнојна содржина на крајниците.
Стрептококот се пренесува преку респираторни капки од заразено лице. Може да се пренесе и со допир, со допирање на устата, носот или очите.
Пиогените стрептококи се едни од најважните бактериски патогени кои предизвикуваат болести кај луѓето со различна локализација.