Во Хрватска денеска се регистрирани нови 306 заболени од Ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 2 052 лица. Овој број на новозаболени, четврти ден по ред претставува нов рекор во Хрватска во однос на бројот на новоинфицирани со вирусот.
Од нив 143 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а 12 се приклучени на респиратор. Бројот на извршени тестирања во последниве 24 часа изнесува 2574.
Од 25 февруари кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска до денеска регистирани се 7 900 инфицирани лица. 5678 се оздравени, а 170 се починати. До денеска во државата се извршени вкупно 148 742 тестирања. И натаму важат препораките за одржување на лична хигиена и меѓусебно растојание.