Зелениот чај неспорно има голем број здравствени бенефити, но дали знаете дека максимално можете да ги искористите во одредени делови од денот?
Наутро, благодарение на кофеинот, брзо ќе се разбудите и ќе се почувствувате енергизирани. Предноста на зелениот чај е што содржи Л-теанин, состојка која е аминокиселина и која има и смирувачки ефект, кој ги ублажува дејствата на кофеинот.
Исто така, добро е да го консумирате после вежбање, бидејќи на тој начин продолжува согорувањето на калории и масти.
Ако го сакате зелениот чај, овие се двата најправилни начина да уживате во целосните негови корисни својства.