Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17 786, бројката на оздравени пациенти е 14 801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во: Скопје 683, Куманово 180, Тетово 159, Струмица 154, Кочани 152 и Прилеп 126.

Досега во земјата се направени вкупно 187 080 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Во однос на скопските општини, по зваршените епидемиолошки анкети, денешната прераспределба на активните случаи изгледа вака:

• Чаир – 57

• Гази Баба – 79

• Аеродром – 102

• Карпош – 88

• Центар – 98

• Кисела Вода – 84

• Ѓорче Петров – 52

• Бутел – 26

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 6

• Сарај – 12

• Арачиново – 7

• Илинден – 29

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 6

• Зелениково – 2

• Странец – 7

• Нераспределен-3