Денеска во Прилеп се евидентирани два нови случаи на заразени со новиот коронавирус, Ковид-19. Од локалната самоуправа информираат дека 12 пациенти се излекувани, а досега се регистрирани вкупно 178 лица заболени со коронавирусот. Во моментов во градот има 58 активни случаи, а 11 се починати.
На Инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус, додека петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирусот, а на тројца им е земен брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 234 лица, додека за време на викендот се забележани шест нарушувања на полицискиот час.