Eпидимиолошката служба при тетовскиот Центар за јавно здравје оценува дека за само еден месец од регион со спорадични случаи Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19. Поради ваквата состојба се очекува и бројот на новозаболени уште повеќе да расте.
-На 6 јули имаше вкупно шест случаи на домашно лекување, а сега во градот Тетово имаме околу 220 случаи на домашно лекување. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи што се должи на непочитување на мерките и протоколи, а инфицираните ни се од семејно прослави настани и нивни контакти, објаснува епидемиологот д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.
Ако населението не се вакцинира и ако не ги почитува мерките, препораките и протоколите според епидемиолозите состојбата може уште повеќе да се влошува.
– Генерално новите случаи не се вакцинирани. Ако имаме од овие 220 лица на домашно лекување само десетина вакцинирани. Дали асимптоматски или симптоматски се невакцинирани. Високата бројка во градот Тетово се должи како резултат на тоа што ние имаме многу лица дојдени од западните земји кои после престојот во државата се тестираат за да можат да заминат во земјите каде што работат. Голем дел од нив се млади лица и се асимптоматски но сепак инфицирани со Ковид-19, објаснува д-р Субашиќ.
Таа апелира да се вакцинираат луѓето но и понатаму да ги почитуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
-Апел да се вакцинира и да се почитуваат мерки и протоколи кои се во важност, вирусот не е победен и е приустен. Болеста не е победена и пандемијата не е завршена овде се работи за непочитување на мерки и протоколи и немање индивидуална одговорност. И вакцинираните треба да ги почитуваат мерките. Има лица кои по втор пат биле болни. Седум-осум случаи на цели семејства имаме со примери, рече д-р Субашиќ.