Во Австрија по двомесечна пауза поради пандемијата на Ковид-19, основните учулишта започнаа со работа. Но во Виена едно училиште е веќе затворено за работа, поради сомневање за појава на повторна инфекција од новиот коронавирус, Ковид-19.
Директорката на училиштето во Виена, вратила дома 200 ученици, бидејќи постоело сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19. Наставникот пријавил боледување во саботата.
Децата биле вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.
Надлежните органи на градот Виена покренаа истрага за овој случај, а Министерството за образование најави изработка на план за вакви случаи.