Обландите нсо желе бонбони се вистинскиот избор за секој кој сака комбинација од крцкави и сочни вкусови.

Овој десерт е совршена комбинација на меки и лесни обланди со богатството на бонбони од овошно желе кои се топат во устата.

Подготовката е едноставна, а резултатот е секогаш совршен, што го прави идеален за семејни прослави, родендени или само за уживање во љубовта кон слатките.

Еве како да го направите ова неодоливо уживање кое ќе ги воодушеви сите генерации.

Состојки:

15 гр желатин
1 дл вода
350 гр шеќер
малку екстракт од банана
100 гр сецкани овошни желе бонбони
1 кутија обланди

Подготовка:

Започнете така што 15 гр желатин ќе натопите во 1 дл ладна вода и ќе го оставите да набабри. Потоа во тенџере измешајте ги шеќерот и 1 дл вода, загрејте на тивок оган со постојано мешање. Кога ќе почне да се формира бела пена, тргнете ја од оган и измешајте со желатинот.

Сите состојки измешајте ги во соодветен сад и матете со миксер 10-15 минути додека не добиете густа и сјајна смеса. Додадете екстракт од банана и измешајте ги сецканите желе бонбони.

Исечете ги листовите обланда на два еднакви дела. Веднаш ставете од филот на едната половина и покријте со другата половина.