Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 8.
Дневните температури ќе достигнат во Скопје 31, Маврово 22, Охрид 26, Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 31, Дојран 33 Целзиусови степени.
Утре времето исто така ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 22 во Маврово до 33 во Дојран.