Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен ветер. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека ветероет вдолж Повардарието и во источниот дел од земјата ќе биде засилен и од северен правец, а на некои места ќе достигне брзина од над 60 километри на час. УВ-индексот ќе биде високи и ќе изнесува 9. Утринската температура ќе биде од 11 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 38 степени.

И во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со умерен до засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Температурата ќе се движи од 17 Целзиусови степени наутро, до 35 степени во текот на денот.

За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе биде 9. Температурата утре ќе биде од 27до 38 степени.