Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.434, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лица биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.
На 17.02.2021 почна вакцинацијата против КОВИД19, а заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.