3 намирници за подобрување на расположението:

Темно чоколадо
Чоколадото со висока содржина на какао е одговорно за зголеменото лачење на хормонот на среќа затоа што е богато со флавоноиди, кои позитивно влијаат на подобрување на нашето расположение. Имајте на ум дека црното чоколадо е калорично, затоа консумирајте еден ред дневно.

Лосос
Лососот го штити здравјето на нашето срце благодарение на омега 3 масните киселини. Многу студии откриле дека консумирањето на риба има најмал ризик од депресија и ако сакате да го ослободите стресот на здрав начин, јадете риба барем двапати неделно.

Боровинки
Боровинките се полни со здравствени придобивки. Тие се богати со антиоксиданти и го прочистуваат нашето тело од токсини, а исто така се богати со флавоноиди кои помагаат да се подобри нашето расположение.