Министертсвото за здравство на Израел од денеска го укина задолжителното носење на маски во затворен простор. Во соопштението кое го упатија до јавноста се вели дека има исклучоци од новите мерки за ублажување. Маските ќе мора да ги носат оние кои се во изолација и во карантин, како и авионските патници.
Израелските медиуми објавија дека невакцинираните посетители и вработени во здравствените установи за продолжено лекување и установите за грижа на други лица сепак ќе мора да носат маски. Таа мерка ќе биде задолжителна и за домови за стари лица поради висок ризик од заболување.
Израел ги олесни повеќето мерки за своето население на почетокот на јуни, но беа задржани строгите ограничувања на странските државјани.