Неколку дена по обелоденување на скандалот што се случил во „Козле“било извршено насилство врз вработена од страна на  менаџерот Р.А вчера магистрираше.

Менаџерот магистрираше на тема „Регрутација и селекција на кандидатите во ЈЗУ – Козле Скопје со посебен осврт на административните работници“.

Но да се потсетиме дека овој човек што има претепано вработена, која истовремено добива отказ и под присила морала да ја повлечено тужба против него, нема грам морал.

Вработената по овој немил настан што и се случи има тешки здравствени проблеми, и завршила на клиника, тешко се опоравува од голготата низ која поминала, при што и сопругот ја оставил.

Додека менаџерот во работно време на Детската болница „Козле“ тепа вработени, во слободно време брани магистерски труд, а министерството молчи. Министерот не треба да молчи нека одговори на јавноста зошто досега менаџерот не одговарал пред законот туку по присила медицинската сестра што била малтретирана дури била и принудена тужбата да ја повлече и да молчи.