Уште еднаш се докажа колку држи зборот на Заев. По средбата на синдикатот на здравствените работници на Клинички центар со Заев, им беше ветено дека ќе го разгледа проблемот со наплаќањето на паркингот и ќе направи се за да не поскапи, при што и ќе се заложи да им се обезбеди и во меѓувреме катна гаража за вработените.

Но од пред некој ден на сите вработени во Клинички центар им беше доставено известување односно решение дека почнувајќи од 01.01.2019 година паркинг за вработените ќе изнесува 800 денари.

По оваа вест можеби револтот на вработените на Клинички центар ќе прерасне уште повеќе. Затоа што ветувањата на Заев и Филипче не беа вистинити, додека тие им ветуваа на вработените, им ги подготвуваа решенијата за поскапување на самиот паркинг.