Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор се спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега предводат најмногу позиции од било кога, клучни позиции како судии во Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други, ова денеска преку соопштение го повикаа од партијата ДУИ.
-Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда. Затоа, ова не поттикна да го превземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме Прв Албански премиер во Северна Македонија. Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата. Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме, стои во нивното соопштение.
Од таму додаваат дека ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за Албански Престедател на Владата.
-Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за Албански премиер? ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа инициатива и заедно, да се договорат за следниот Премиер Албанец на Северна Македонија. Со Албански Премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја превземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата. Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност. Сега е наше време. Заедно, можеме да испишеме историја градејќи ја иднината. За нас Албанците, и за целата држава, велат во соопштението до јавноста.
Јавноста сепак е разочарана и од власта предводена од СДСМ и Заев бидејќи тој и во минатото ветуваше брда и долини па сепак ги извиси граѓаните кои го дадоа гласот за оваа власт.
Заев во изјава за телевизија 21 неодамна изјави дека „во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник“.
-Доколу СДСМ победи на изборите , јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.
Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада.“, вели Заев за телевизија 21.
Сепак јавноста е сведок дека ова е само уште една голема лага на Заев потсетувајќи се на лагите ветени во минатото.
Заев ветуваше и дека нема да има двојазичност, нема да го промени името, се колнеше дека идентитетот на Македонија е бетониран, нема да има промена на Уставот, како и ветувањето за 500-тини евра плата за сите.
Според експертите инаку ова што го прави Заев е дефокусирање на јавноста поради рекордната голема бројка на ново заразени лица, а со тоа јавноста да му „верува“ во уште една лага на Заев наместо да биде загрижена поради излегувањето од контрола на ситуацијата.