Според истражувањето на US Department of Agriculture, 97% од луѓето не ги мијат рацете правилно.
Истражувањето е направено во 6 кујни во ресторани во Северна Каролина. Учесници биле луѓето кои ја приготвуваат храната што ја јадете во рестораните. Откриено е дека бактериите од сировото месо се пренесуваат на рачките од фрижидерите, па оттаму на сите хранливи продукти.
Како треба да ги миете рацете?
Препорачливо е да ги миете 20 секунди под силен млаз со сапуница, триејќи го и задниот дел од дланките, местата меѓу прстите и под ноктите.
Потоа исплакнете ги и избришете ги со чист пешкир. Истражувањето покажа дека многу од испитаниците не користеле чист пешкир за рацете и со тоа повторно ги загадувале со бактерии по миењето.
20 секунди сигурно ви звучи како неверојатно долго време, но ако со рацете потоа приготвувате храна или грицкате нешто, дефинитивно вреди.