121 работник загинале на работното место во периодот од 2010-2017-та година од кои само 14 лани, покажуваат официјалните податоци од инспекциските надзори за труд. Најризична е сè уште работата во земјоделството, потоа градежништвото и црната металургија. Свеста кај работодавачите за безбедноста и здравјето при работа мора да се промени, а компаниите да инвестираат во подобрување во условите за работа, се пораките кои ги упатија Сојузот на синдикати на денешниот Светски ден за безбедност и здравје при работа.

За да има квалитетна работна средина, мора да се почитуваат законите. Министерката за труд потсети дека владата минатата година донесе национална стратегија за безбедност и здравје при работа, а се прават и инспекциски надзори, меѓутоа сето тоа е во втор план.

Кога може да се донесат одлуки за семејствата со три деца да престанат да добиваат надоместок кој што тие не им го обезбедија, што останува за работниците и нивната безбедност, тоа министерката помалку ја засега – коментираат изворите од министерството кои ги контактиравме

epa04161504 An East Timorese labourer works on a construction site in Dili, East Timor also known as Timor Leste, 10 April 2014. East Timor has a population of 1.2 million citizens, 40 percent of which live in poverty with an unemployment rate near the 20 percent. EPA/ANTONIO DASIPARU

„Интензивно работиме на спроведување на законите и правилниците по однос на ова прашање, но ги повикам и сите работници и работодавачи да се придржуваат кон нив, бидејќи ако младата генерација не биде здрава, нема да имаме здрава работна сила, која е во интерес на работодавачите и на државата“, посочи Мила Царовска – министерка за труд и социјална политика, но при тоа не даде никаков коментар за повеќедетните семејства и тоа што планира да го скрати за нив.

Одговор од министерството за труд и социјална политика сеуште чекаат засегнатите 22.000 илјади фамилиии. Кој е одговорот?