Заврши 14 дневниот државен карантин за 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април годинава.
Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.
Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.
За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму.