Министерот за здравство, Венко Филипче мисли дека здравството успеал да го донесе „На прав пат”. Но, дали министерот знае што воопшто се случува во здравството. Здравствениот систем е во застој и е на пат да биде претворен во „торба” здравство.
За потсетување:
1. Пропадна тендерот за биохемиски лаборатории поради тоа што се јави само една компанија и тоа компанија која што беше регистрирана само еден месец пред да биде објавен тендерот.
2. Стерилизацијата на инструменти и опрема што се користат во хируршките сали ќе биде менаџирана од компанија за која се води судски спор во Албанија и во Италија. Во Охрид ќе се стерилизираат материјали за Битола и Кичево. Гостивар и Тетово ќе добиваат стерилни материјали од Скопје.
3. Сведоци сме на фиктивно јавно – приватно партнерство за детска кардиохирургија. Се изнасликаа пред ова ЈПП, а единствено што се случи е одлив на медицински персонал од јавните болници во приватните болници.
4. Системот Мој термин не функционира. Не можат да се закажат прегледи во период пократок од два месеци. Не може да се дојде до лекар специјалист.
5. Дисфункционалноста на здравствениот систем и неизвесноста која ја имаат пациентите, креира нервоза заради која медицинскиот персонал секојдневно под вербални и физички закани.
6. Лиситите за чекање на оперативен зафат или други медицински интервенции, не се јавни и не може да се следат. Пациентите во неизвесност го чекаат својот оперативен зафат или лекарска интервенција.
7. Лага е дека за специјалистите имаат плата од 100 илјади денари како што се ветуваше.
8. Непотизмот царува во клучните позиции во здравствениот систем. Роднини добиваат тендери од директорите на здравствените институции. Има примери како тендери од ќерка добива фирма на таткото, фирма на брат на директорот добива тендер….
9. Неспособноста на министерот за здравство, се манифестираше и со нехигиена на Клиничкиот центар Мајка Тереза кој повеќе од шест месеци беше претворен во депонија.
10. Нема никаков план за реновирање на здравствените институции во Клиничкиот кампус Мајка Тереза, тие пропаѓаат и се распаѓаат. Министерот нема план!
11. Планот за новиот клинички центар во областа Веле Поле, во општина Ѓорче Петров, нема абер да биде реализиран. Земјиштето не е испитано дали е архелошко, нема геомеханички и други испитувања дали може да се изгради болница на тоа место. Земен е кредит од комерцијални банки со кредит од околу 3% камата и овој проект е на добар пат да биде Мега Глобал, но овој пат не во Струмица, туку во Скопје.
12. Со ребалансот на Буџетот Владата на Зоран Заев ги сопре градежните работи на болниците во Штип и Кичево.
Оваа Влада е на единствен пат, а тое е да го стави јавното здравство на колена на сметка на развојот на приватното здравство!
На добар пат сме да останеме без јавен здравствен систем!
Потребна е оставка од министерот, Венко Филипче и неговиот шеф, Зоран Заев!
Потребни се предвремени парламентарни избори!