Пацентка по име Ленка Најдова (70) вчера попладне излегла од Клиниката за Онкологија незабележана од никого. Жената е облечена во тенка блуза, тегет тренерки и розови папучи и откако го поминала обезбедувањето се упатила во непознат правец. Семејството преку електронските медиуми упатува апел до граѓаните доколку ја забележат исчезнатата жена која инаку е од Крива Паланка, а на Клиниката за онкологија требало да остане хоспитализирана, да пријават во најблиската полициска станица и да ја задржат.
Жената излегла од Клиниката за онкологија околу 15 часот попладнето.
-Тетка ми ја нема цела ноќ. Од полиција ни кажаа дека ја забележале кај две амбасади но не ја препознале и не ја задржале. Цимерката со која беа во соба ни кажа дека заедно биле на зрачење, немала негативни појави од тоа и затоа е многу чудно ова што се случи. Не е дека не сакала да се лекува, зашто беше среќна што беше примена на клиниката и што ќе прими терапија, изјави за медиумите Маја Дурмишовска од Скопје.