Кога на некој му се постојано рацете топли тоа може да укажува на неколку опасни состојби, а една од нив е висок крвен притисок. Исто така, топли раце може да укажуваат на целулитис, или акутна инфекција на кожата, која лесно ќе ја познаете ако рацете ви се топло, дланките ви се потат и се појавува црвенило.

Ова е исто така знак дека се јавува хронично воспаление во телото, а најчесто ревматоиден артритис кој е изложен на топлина, болка во рачниот зглоб и прстите, и тешка подвижност на дланките.

Топлите раце укажуваат на ризик од синдромот на карпален тунел кој се јавува поради притисок од нервите, предизвикан од артритис, цисти, повреди и проблеми со тироидната жлезда. Оваа состојба се јавува кога раката е отечена, топла и слаба.

Други болести на кои се однесуваат топлите раце се периферна невропатија, односно оштетување на нервите, мускулната и коскената болка (фибромијалгија) и болно црвенило на кожата (еритромелалгија). Ако често имате топли раце, обратете се кај вашиот доктор бидејќи може да ја спречите болеста на време.