Една рунда пијалоци со пријателите или колегите има големо влијание врз социолошките аспекти од нашиот живот како и на продолжување на нашиот животен век, сметаат експертите.

Една студија од универзитетот Вестминстер открила дека овој вид на социјална активност го намалува ризикот од изненадна смрт во текот на следните 18 месеци.

Вечерното излегување со чаша виски го зајакнува вашето срце. Еден истражувачки институт од Абердин открил дека четири чаши виски неделно го зголемуваат бројот на антиоксиданси кои го штитат нашиот кардиоваскуларен систем.

Една кригла темно пиво може да ви помогне во одржување на оптималната телесна тежина. Истражувачите од универзитетот во Барселона докажале дека темното пиво, поради изобилството на витаминот Б, има позитивно дејство врз работата на вашето срце како и на намалување на ризикот од рак на панкреас.

Познато е дека и мажите и жените го сакаат пивото. Алкохолот е најдобро кога е сведен на најмала можна мерка, но кога ќе посакате да се почестите со едно пивце, еве неколку добри причини, колку совеста да ви е чиста.

Пивото содржи витамини Б и Б2 и есенцијални минерали како што се калциум, калиум и фосфор. Содржи и витамин Б6, кој е потребен за создавање хемоглобин, а исто така разнесува и кислород низ организмот и помага за регулирање на нивото на шеќер во крвта. Пивото може да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Познато е дека темното пиво е поздраво отколку светлото, бидејќи содржи повеќе флавоноиди, природни оксиданти.

Познатата врста на вино Каберне го намалува ризикот од појава на рак на простатата. Научниците сметаат дека црвеното вино од овој вид во себе има изобилство од антиоксиданси кои ги уништуваат канцерогените слободни радикали и со тоа го намалуваат ризикот од цела низа канцерогени заболувања.

Познато е дека количина на вино која има корисни својства е една чаша во текот на денот.

Виното спречува згрутчување на крвта и воспаление на крвните садови, а тоа се тегоби кои предивикуваат срцеви заболувања. Луѓето кои консумираат вино, една чаша дневно, имаат подобра меморија од оние кои не консумираат. Покрај тоа, виното го зголемува т.н. „добар“ холестерол, кој го спречува затнувањето на артериите.