Морските алги се вид растенија што растат во солени вода. Тие не само што се извор на храна за некои животни форми во морето, туку служат и како извор на исхрана за луѓето.
Познати се по тоа што содржат големи количини на јод, основниот минерал што телото го користи за производство на хормони на тироидната жлезда. Овие хормони помагаат за контрола на метаболизмот и развој на коските и мозокот за време на бременоста и доењето.
Во новото истражување, објавено во магазинот Journal of Medicinal Food, истражувачите од Данска и од Гренланд ја истражувале содржината на јодот и влијанието на морските алги врз исхраната. Откриле дека два вида морски алги што често се наоѓаат на Арктикот, Chondrus crispus и Ascophillum nodosum, се одличен извор на јод и можат да им помогнат на луѓето од таа област да ги исполнат своите потреби за овој минерал.
Прехранбениот јод е многу важен за одржување на здравјето на луѓето. Иако е задолжен за важните телесни функции, утврден е фактот дека со ниска или висока количина на јод се изложени на ризик од развој на разни болести.
Морските алги се природно богати со јод и се стандардна состојка во азиската и арктичката кујна. Иако влијанието на внесувањето морски алги е добро проучено од страна на азиската популација, нивното влијание врз здравјето на луѓето што живеат на Северниот пол, се’ уште не е истражено.
Зошто јодот е важен?
Секој човек мора да добие доволно јод од исхраната за да може да создава доволна количина на хормони на тироидната жлезда. Овие хормони помагаат за регулација на срцевите отчукувања, крвниот притисок, телесната температура, па дури и телесната тежина.
Недостигот на јод не само што предизвикува зголемување на тироидната жлезда, туку и негативно влијае врз работата на мозокот кај возрасните. Недостигот од јод може дури и да го одложи развојот на мозокот и менталниот развој кај децата и доенчињата, а како последица личноста ќе има понизок коефициент на интелигенција од просекот.
Од друга страна, претераното внесување јод исто така предизвикува здравствени проблеми. Премногу од овој минерал предизвикува хипертиреоза, воспаление на тироидната жлезда, па дури и карцином на овој орган. Иако овој вид рак е невообичаен во САД и може да се лекува, здравствените експерти забележуваат пораст на бројот на случаи последниве години. Освен тоа што влијае врз работата на тироидната жлезда, премногу јод може да предизвика дијареја, мачнина и повраќање, болка во стомакот, температура, па дури и коматозна состојба.
За да ги одбегнете сите овие проблеми, обидете се во храната да ја набавите само соодветната количина јод. На возрасните им треба само 150 микрограма јод дневно и може да ги добијат од извори на храна, како што се риба, млечни производи, овошје и зеленчук и јодирана сол.