На пазарот во есенските денови и во текот на зимата може да се купи цикорија, растение богато со витамини, минерали и протеини. Чајот од корен од дива цикорија се подготвува, така што полна супена лажица од сушен корен се прелива со литар врела вода и кратко да поврие.
Се пие три пати на ден, а стимулира и ја подобрува екскрецијата на урина, и на тој начин ефикасно ги елиминира акумулираните токсини истовремено зајакнувајќи го телото.
Чај против дијабетес, болки во стомакот и заболувања на црниот дроб: попарете 5 грама листови од цикорија со 2,5 дл врела вода и после 10 минути процедете. Пиете по една чаша наутро и една чаша навечер пред спиење.