Помислата дека ви отчукува биолошкиот часовник може да биде застрашувачка. Сепак, раѓањето дете подоцна во животот е добро и за мајката и за бебето.

Без разлика зошто сте одлучиле да не родите дете во вашите 20-ти, 30-тите, па и 40-тите не се „страшна возраст“ за раѓање, особено не денес, со напредокот на медицината.

Да, точно е дека со текот на годините се намалува бројот на јајце-клетки кај жените, како и дека првата бременост по 35-тата година може да биде поризична, но сѐ повеќе истражувања откриваат дека раѓањето дете подоцна во животот може да има изненадувачки предности.

Ова се неколку од нив:

Психички сте посилни

Истражувањата покажале дека раѓањето дете подоцна во животот прионесува да бидете психички посилни. Тоа може да значи дека ќе имате пониско ниво на стрес бидејќи веќе имате стекнато некакво животно искуство и сте поминале низ најмалку еден голем стресен настан.

Едно истражување покажа дека мајките кои го родиле првото дете по 30-тата година биле подобри во решавањето проблеми од своите врснички кои станале мајки порано.

Емоционално подготвени

Чувството на зрелост расте заедно со годините. Истражувањата покажуваат дека зрелоста на индивидуите игра огромна улога во нивната зрелост како родители.

Холандски истражувачи го анализираа психосоцијалниот развој на две групи деца на возрасти од 7, 11 и 15 години. Во едната група мајките го родиле првото дете над 31 година, а во втората порано. Постарите мајки поретко им викале на децата, помалку пцуеле и поретко телесно ги казнувале своите деца.

Општо земено, децата на постари мајки имале подобро однесување, биле посоцијализирани и емотивно постабилни до 13-тата година од животот, односно до влегувањето во пубертет.

Децата се пообразовани

Колку подолго чекате да родите дете, толку е поголема веројатноста дека вашето дете повеќе ќе ги разбира напредните нивоа на технологија.

Децата на постари родители имаат корист од образовниот, технолошкиот и социјалниот напредок што го оствариле родителите пред да ги добијат нив.

Едно шведско истражување потврди дека децата на постари мајки имаат тенденција да бидат поздрави и пообразовани.

Долговечност

Жените кои родиле после 33-тата година од животот имаат подолг животен век, покажа едно истражување на Универзитетскиот центар во Бостон, во кое учествувале 462 жени. Овие жени доживувале старост и до 95 години, што е повеќе од нивните врснички кои прв пат родиле во нивните доцни 20-ти.

Оние кои прв пат родиле после 40-тата, а зачнале по природен пат, го доживеале и 100-тиот роденден за разлика од мајките кои родиле порано во младоста. Доктор Томас Перлс смета дека ова се должи на следниот факт  – кај жените кои по природен пат останале трудни во позрели години, репродуктивниот систем поспоро старее.