Сусамот е богат со растителни влакна, витамини и есенцијални минерали како бакар, манган, калциум, магнезиум, селен, железо, фосфор, цинк, молибден и витамин Б1. Особено значајно е тоа што сусамот во својот состав содржи две состојки: сезамин и сезамолин, кои припраѓаат во групата на специјални растителни влакна, познати како лигнани.
Овие две состојки имаат ефект за намалување на холестеролот во крвта, превенирање на висок крвен притисок, а сезаминот го штити црниот дроб од оштетувањето предизвикано од слободните радикали. Како уште подобра варијанта од обичниот сусам, препорачуваме употреба на интегрален сусам. Во секој случај, за семето од сусам се смета дека има голем број на здравствени придобивки како што се:
-го подобрува здравјето на коските и превенира појава на остеопороза;
-позитивно влијае за здравјето на забите и спречува крварење на непцата;
-се бори против штетните радикали;
-поседува антиканцерогени својства;
-делува антиинфламаторно и го подобрува расположението.
Благодарение на состојките кои ги содржи, сусамот го успорува процесот на стареење, а маслото кое е високо ценето во светски рамки го намалува лошиот холестерол, помага при регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од некои видови на канцер. Сусамовото масло во народната медицина се користи за лечење на болести кои што се поврзани со згрутчување на крвта.