Психологот Коди Комерс се обиде да објасни од каде произлегуваат разликите во сфаќањето на љубовта меѓу мажите и жените. Мажите се фокусирани на инструментална, а не на интризична (внатрешна) љубов како жените, вели тој.
„Љубовта општо е поим кој тешко се објаснува, пред сè затоа што може да подразбира цела низа различни видови љубов кои може да ги замислиме, па до тоа дека некого или нешто можеме да го сакаме на различни начини. Секоја жена знае со колку различни нијанси на чувства може да се искаже тој поим, па колку пати некој маж ја има налутено поради фактот дека воопшто не ја разбира жената за што зборува кога говори за љубовта“, вели Комерс, професор по експериментална психологија на Оксфорд во обид да ги објасни машко-женските разлики во сфаќањето на љубовта.
Тој вели, додека жените го ценат патувањето, мажите се повеќе насочени кон целта, односно повеќето работи во животот првенствено ги проценуваат по тоа дали ќе им помогнат да стигнат онаму каде што сакаат да стигнат во животот. Мажите првенствено ја гледаат инструменталната вредност и колку е таа поголема толку е поголема причината мажите во целина да го ценат тоа што им се овозможува.
И додека ова може да биде одлична водилка во професионалниот живот, во приватниот ваквото размислување може да биде сериозна пречка за среќа. Љубовта општо не може да ја проценуваме низ призмата на целта, во љубовта нема место за победи, нема цел или можности да освоите повеќе бодови и прво место.
Тоа е причината зошто повеќето мажи имаат проблеми со разбирањето на љубовта. Поентата на љубовта е во тоа што таа е едноставно љубов. Во иднина нема да се претвори во нешто што може да ја надмине нејзината моментална состојба, па ако не сте во состојба да цените тоа што сега го имате, нема да знаете да го цените ни тоа што ќе го имате подоцна.
Љубовта е патување, а мажите тоа тешко го сфаќаат. Најчесто доаѓа до недоразбирање затоа што мажите ја сакаат партнерката поради тоа што таа може да го направи за него. Љубовта на мажите, на пример, може да произлегува од фактот дека одредена партнерка ја гледа како идеална за формирање семејство какво што сака или проценува дека има слични амбиции, односно дека може да биде добра потпора во текот на неговата кариера. Тоа не значи дека на мажите нечија употребна вредност им е единствената инспирација за љубов, но е многу важна.
Таквата инструментална љубов не е баш идеална основа за романтична врска бидејќи не е поврзана за една личност, туку за одредена ситуација која е важна за мажите. Кога таа ситуација ќе се промени, се менуваат улогите како и корисноста на другите луѓе за остварување на одредени цели.
Друг вид на љубов, онаа внатрешната, која се темели на тоа што другата личност е, а не само што може да направи за вас, на машкиот мозок може да му биде товар. Поради тоа мажите тешко ќе одговорат на прашањето зошто сакаат некого. Тие првенствено ја опишуваат функцијата на личноста како алат кој ним им е корисен, а тоа ни најмалку не одговара на тоа што жените го посакуваат и очекуваат.
Еден од најтешките аспекти на разликите во сфаќањето на љубовта помеѓу овие два пристапи е фактот дека нема гаранција дека мажите ќе ја разберат таа разлика и нема да разберат дека партнерката ја сфаќаат како надополнување за нешто што им недостасува за да остварат некоја цел.
Но, сите мажи не се исти па ако наидете на еден таков размислете дали може да бидете одговор на потребите на мажот, односно алат за постигнување на неговите цели, вели психологот за Psychology Today.