Дуња има потекло од југозападна Азија, а нејзини лековити делови се плодот, листовите и семето, а особено се важни сокот и сирупот од плодот.
Плодот на дуњата изобилува со витамини и минерали, содржи витамин Ц во големи количини, потоа витамин Б1,Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај сето ова, дуњата содржи и протеини, растителни влакна и јаглени хидрати.
Дуњите се одлични природни освежувачи на воздухот. Семките од дуња кога ќе постојат во вода ослободуваат слуз која помага при проблеми со кашлица. Богати се и со масти, танин, пектин, шеќери и друго.
Сокот од дуња лечи кашлица, астма и дијареја, додека печена или варена дуња се препорачува на анемични личности. Чајот од дуња се препорачува како природен лек за прекинување на пролив.
Искористете ја сезоната на дуњи и не ги пропуштајте корисните состојки што ги нуди за вас и вашите најмили.